Најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Англија, Хари Кејн постигна гол во победата на Англија над Босна и Херцеговина (3:0), но сакал тоа да го направи и порано во текот на натпреварот.
Англија славеше против Босна со головите во последниот половина час. Првиот гол „Гордиот Албион“ го постигна додека селекторот Герет Саутгејт се уште не ги внесе во игра најголемите ѕвезди.
Се играше 60. минута кога Беџамин Тахировиќ направи пренал, а сигурен реализатор на најстрогата казна беше Кол Палмер кој одлично изведуваше пенали во текот на сезоната во Челси.
Кога пеналот беше направен Кејн не беше во игра и Саутгејт сега откри дека англискиот напаѓач побарал од него да го внесе во тој момент за да го изведе пеналот.
„Нашиот план беше Кејн да игра половина час и да почне против Исланд. Имаше дрскост да побара да влезе во игра за да шутира пенал, но немаше шанса тоа да му го дозволам. Одлично е што поминавме без поголеми проблеми“, изјави Саутгејт.
Очигледно на Кејн и тоа како му се важни головите и статистиката.