По одигрувањето и на последниот натпревар во Лигата на шампионите, финалето, се случија и одредени промени во квалификацискиот сегмент за следната сезона.
Така, македонскиот првак Струга Трим Љум доби олеснителна околност и нема да може да игра против двата најдоброрангирани тима кои до скоро требаше да играат во првото претколо. Станува збор за Ференцварош и Карабах кои ќе ја скокнат првата квалификациска рунда. Новитет меѓу потенцијалните ривали на стружани е босански Борац.
- Сите потенцијални противници на Струга во првото претколо на ЛШ:
Слован Братислава (Словачка), Лудогорец (Бугарија), ХЈК (Финска), Флора (Естонија), Стеауа (Романија), Клаксвик (Фарски Острови), Шамрок Роверс (Ирска), Линколн Ред Импс (Гибралтар), Пјуник (Ерменија), РФС (Летонија), Петрокуб (Молдавија), Балкани (Косово), Борац Бања Лука (Босна и Херцеговина)
Извлекувањето за првото квалификациско коло е закажано за 18 јуни. Натпреварите се играат на средината на јули.