Трета година по
ред, Вардар му се радува на шампионскиот трофеј, избраницте на Гоце Седлоски
полесно од очекувањата го одбранија насловот шампион на Македонија.
На четири кола до
крајот, „Црвено-црните“ математички ја потврдија титулата и тоа во голем стил,
со победа од 6-0 над Македонија ЃП.
Резултатот беше
отворен по пет минути игра, Блажевски погоди од пенал за 1-0.
Со головите на
Николов и Којашевиќ, Вардар на полувреме замина со предност од 3-0.
Блажески во 52.
минута најави тежок пораз на Македонија ЃП, а противникот потоа го дотолчија
Барсегјан и Боарето.
Па последниот
свиреж на судијата можеше да почне големо славје, за третата титула во низа и 11.
во клупската историја.
Резултати:
Вардар – Македонија Ѓ.П. 6:0
Шкупи – Победа 1:2
Пелистер – Ренова 3:0
Силекс – Работнички 0:2
Шкендија – Брегалница 3:0
Табела: Вардар 75, Шкендија 62, Работнички 52, Пелистер 48, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 32, Брегалница 21, Македонија ЃП 19
Табела: Вардар 75, Шкендија 62, Работнички 52, Пелистер 48, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 32, Брегалница 21, Македонија ЃП 19