354
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година славеше на гостувањето кај врсниците од Полска со 2-1.
Резултатот беше отворен во финишот од натпреварот кога Марио Илиевски најдобро се снајде во шеснаесетникот на Полска и постигна гол за водство од 1-0.
На почетокот од вториот дел Лука Станковски искористи една катастрофална грешка на Полјаците и зголеми на 2-0.
Во финишот од мечот Полска преку Карол Бориш успеа да постигне почесен гол.