Фудбалската женска репрезентација на Македонија одигра нерешено против Молдавија (1-1), во третото коло од лигашкиот дел на квалификациите за Европското првенство.
Девојките на Александар Андов немаа сили за да го скршат отпорот на селекцијата која важеше за аутсајдер на гостувањето на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Македонија имаше шанси кои не ги искористи и има за што да жали по ова реми, кое е прво во циклусот откако претходно загуби од Словенија и ја победи Летонија.
Првиот дел не понуди голови во Скопје, а на стартот на вториот паднаа два. Улза Максути донесе предност во 52. минута за Македонија, но само три подоцна Табур израмни на 1-1, резултат кој беше активен до самиот крај.
- Составот на Македонија за овој натпревар:
Кабакчи; Панеска, Милчевска, Николовска, Бошеска; Меијер, Марковска; Андреевска, Андонова, Нацева, Максути.
Од клупата за резерви селекторот Андов им даде шанса на Лимани, Мустафа и Салихи.