Со победата на Тиквеш во финалето на Купот на Македонија над Воска Спорт, се комплетира кругот од три екипи кои ќе нè претставуваат оваа сезона во европските натпреварувања.
Шампионот Струга Трим Љум оди во првото претколо на Лигата на шампионите, а со својот коефициент од 3,500 ќе биде неносител во ждрепката. Така, веќе се познати потенцијалните противници на стружани, а недостигаат само неколку имиња. Меѓу потенцијалните ривали им се: Ференцварош (Унгарија), Карабах (Азербејџан), Слован Братислава (Словачка), Лудогорец (Бугарија), ХЈК Хелсинки (Финска), Флора Талин (Естонија), ФЦСБ (Романија), РФС Рига (Летонија), ТНС (Велс), Шамрок Роверс (Ирска), Линколн Ред Импс (Гибралтар) и КИ Клаксвик (Фарски Острови).
Во истата рунда, односно првата квалификациска во Конференциската лига на УЕФА ќе тргнат Шкендија и Тиквеш. Сепак, тетовчани поради својот коефициент од 8,000 се меѓу најдоброрангираните и се носител.
Носители во ждрепката за првото претколо во Конференциската лига:
Жалгирис (Литванија), Олимпија Љубљана (Словенија), Линфилд (Северна Ирска), КуПС (Финска), Брејдаблик (Исланд), Дуделанж (Луксембург), Шкендија (Македонија), Б36 Торшавн (Фарски Острови), Сараево (БиХ), Интер Ескалдес (Андора), Левадиа (Естонија), Тирана (Албанија), Тре Пене (Сан Марино), Конах Квеј (Велс), Паиде (Естонија), Милсами Орхеи (Молдавија), Крусејдерс (Северна Ирска), Лиепаја (Летонија), Сабуртало (Грузија), Дери Сити (Ирска), Влазниа (Албанија)
Неносители во ждрепката за првото претколо во Конференциската лига:
Торпедо (Белорусија), Флориана (Малта), Валур (Исланд), Стјарнан (Исланд), Викингур (Фарски Острови), Малишева (Косово), Актобе (Казахстан), Вааса (Финска), Шелбурн (Ирска), Ауда (Летонија), Магпајс (Гибралтар), Никс (Луксембург), Сиаулиаи (Литванија), Слиема (Малта), Марсакслок (Малта), Калев (Естонија), Тиквеш (Македонија), Каернарфон (Велс)
Ждрепката за првите преткола во европските натпреварувања ќе се одржи на 18 јуни во Нион.