378
Една фотографија го одбележа финалето од Лига Европа бидејќи кажа многу, ја споделуваа илијадници луѓе на социјалните мрежи.
Леверкузен немаше ниту еден пораз пред денешното финале против Аталанта, но Гасперини го надмудри Алонсо и не му дозволи да освои тројна круна без загубен меч.
При еден од погодоците на Лукман, Гасперини се сврте кон Алонсо и направи гестикулација со прстот на носот, на некој начин велејќи му да замолкне и дека нема да има перфектна сезона.
Жално е што Чаби Алонсо беше толку блиску, а не успеа да има сезона без пораз во сите натпреварувања, но секоја чест за одличниот Гасперини кој се радува на првиот трофеј во својата кариера.