471
Медиумите од Германија откриваат детали за условите под кои се разделиле Томас Тухел и Баерн Минхен, стретегот ќе биде компензиран со над 10 милиони евра.
Одлуката на „баварците“ предвреме да ја прекинат соработката со Томас Тухел ќе има финансиски последици.
Последните информации велат дека тренерот ќе биде компензиран со нешто над 10 милиони евра.
Исто така, целиот негов персонал ќе продолжи да добива плата до 30. јуни 2025 година.
И не само тоа, Томас Тухел ќе биде ослободен од договорот, па ако си најде нов ангажман, клубот нема да треба да му плати ништо на Баерн Минхен.