Чави не верува дека шпекулациите во шпанските медиуми се точни, тој вели дека разменил позитивни реченици со Лапота и смета дека ќе остане на клупата и наредната сезона.
„Ништо не се промени. Ако има промени ќе ве информираме, но смирени сме, фокусирани на проектот“, им се обрати Чави на новинарите на дешешната прес-конференција.
„Овој состав има исклучителен квалитет и ќе се обидеме да освоиме титули следната сезона, нашиот проект останува јасен“.
„Имам нула сомнежи, навистина. Галден сум, уверен, горд што сум дел од клубот на мојот живот и среќен сум да се натпреварувам на највисоко ниво следната сезона“.
„Ништо не се промени. Го сакам тимот, имаме многу квалитетни фудбалери, многу од Ла Масија“.
„Претседателот Лапорта ми прати позитивни пораки, ништо друго. Комплетниот фокус е на утрешниот натпревар“.
„Се чувствувам добро, среќен сум, убаво е да се биде тренер на најдобриот клуб во светот“.
„Сигурен сум дека работите ќе бидат многу добри во иднина за нашиот проект“.