Еден од капитените на ПСЖ, Преснел Кимпембе помина низ тежок период, дефанзивецот е без настап повеќе од 400 дена поради тешка повреда на Ахиловата тетива, сликата која ја објави на социјалните мрежи изгледа прилично шокантно.
„Светците“ изминатиов викенд ја славеа титулата број 12 во првенството на Франција, а овој момент, Преснел Кимпембе го искористи за да се потикне и мотивира за следната сезона.
Дефанзивецот, кој е еден од капитените на ПСЖ, помина низ тежок период откако во февруари 2023 година заработи тешка повреда на Ахиловата тетива.
Французинот во декември се врати на тренинг, но веднаш почувствува дека нешто не е во ред, па во јануари следеше нова операција и нова долга пауза.
Преснел Кимпембе сега полека повторно влегува во тренажен процес со надеж дека повредата ќе биде минато и тој ќе може повторно да игра фудбал следната сезона.
Сликата која ја објави на социјалните мрежи изгледа прилично шокантно, и доловуваат низ каков пекол поминал изминативе година дена.
🇫🇷🤕 Presnel Kimpembe shows the reality of his most recent injury…
— EuroFoot (@eurofootcom) May 13, 2024
He suffered an achilles tendon rupture which has kept him out of action for 400+ days.
The photo is the back of his foot all stitched up. Sending strength to him. ❤️ pic.twitter.com/JeIXS0UOD3