На Пеп Гвардиола му пречи кога велат дека Манчестер Сити е шампион поради парите кои ги вложува во тимот, тој вели дека во изминатите пет години Манчестер јунајтед, Челси и Арсенал имаат повеќе потрошено од нив, па ништо не освоиле.
„Досадно е постојано да сме шампиони? Не, премногу е тешко. Претходно велевте дека парите се причината. Ако тоа беше причината Манчестер јунајтед требаше да ги освои сите титули, второ Челси требаше да ги освои сите титули, и трето Арсенал, сите титули, бидејќи во последните пет години тие три клуба потрошија повеќе пари од нас. Тие требаше да бидат таму, а не се таму“, рече Пеп Гвардиола.
Според специјализираниот вебсајт Трансфермаркт, во последните пет години, нето потрошувачката на Челси е 802 милиони евра, на Манчестер јунајтед е 694 милиони евра, на Арсенал 638 милиони евра, на Тотнем е 537 милиони евра, на Њукасл е 486 милиони евра, на Астон Вила е 383 милиони евра, а дури потоа следува Манчестер Сити со 380 милиони евра.
„Доколку парите беа пресудни, Жирона немаше да биде во Лигата на шампиони и Лестер немаше да биде шампион на Англија пред неколку години“.
🎙️ Pep Guardiola: "Premier League is boring? It's not. Before do you know what it was? It was money."
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) May 14, 2024
"If money was the reason why: Man United should have won all the titles, 2nd Chelsea, and 3rd Arsenal."
🎥 @BeanymanSports pic.twitter.com/BrQfpwx0wf