Иако најголемиот дел од навивачите на Манчестер јунајтед бараат тренерска смена, легендите на клубот сметаат дека Тен Хаг треба да продолжи да го води тимот.
Холандскиот стратег руши негативни рекорди, но ја ужива поддршката од легендите на клубот кои сега се фудбалски критичари.
„Се надевам дека ќе му биде дадено повеќе време“, рече Рој Кин.
Слично размислува и Вејн Руни кој вели: „Се надевам дека Манчестер јунајтед ќе му даде повеќе време на Тен Хаг. Има многу проблеми во клубот“.
Гери Невил смета дека треба барем уште една сезона Тен Хаг да остане.
„Мислам дека треба да се држиме до Ерик тен Хаг. Треба да му се даде уште една сезона да видиме дали може да се вратиме до стандардите од минатата сезона каде освоивме трофеј и завршивме во топ четири и обезбедивме место во Лигата на шампионите“, смета Невил.