Баерн Минхен е елиминиран од Лигата на шампионите откако загуби во двомечот со Реал Мадрид. Тоа значи дека избраниците на Томас Тухел ќе ја завршат сезоната без ниту еден трофеј.
Во Бундеслигата баварците беа детронизирани од Баер Леверкузен, во Купот доживеаја рана елиминација, па трофејот во елитното европско натпреварување беше единствена надеж за спас на сезоната. Сепак, со неуспехот во Мадрид гигантот од Минхен остана и без таа шанса.
Томас Тухел неславно ќе си замине од клупата на Баерн кој ја игра најлошата сезона уште од 2012 година. Во таа сезона баварците завршија во Бундеслигата зад Борусија Дортмунд, а во финалето на Лигата на шампионите беа поразени по пенали од Челзи. Сега првпат по 12 години најголемиот германски клуб ќе заврши сезона без ниту еден трофеј.