Николов: Да покажеме дека не сме случајно меѓу 12. најдобри во Европа

by
1 минути читање

Македонските надежи утре со почеток од 14 часот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ ја пречекува Бугарија во пријателски натпревар. Тоа можеби ќе биде и последната контрола за надежите пред настапот на Европското првенство во Полска.

„Без разлика што е пријателски, овој натпревар е многу важен за нас затоа што ова е веројатно последниот подготвителен меч пред Европското првенство во Полска. Одиме на победа, ние сме меѓу најдобрите 12 репрезентации во Европа и повтороно ќе се обидеме да ја покажеме нашата вредност. Го оставаме зад нас натпреварот против Лихтенштајн и се фокусираме на Бугарија. Се надевам дека и публиката ќе не бодри како и досега и ќе биде наш играч повеќе, изјави капитенот Бобан Николов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани