Адеми најавува: Ќе се вратам посилен, одново ќе играм фудбал на највиско ниво

by
2 минути читање

Случајот на репрезентативецот на „Црвено-жолтите“ оваа недела конечно доби разврска, судот во Лозана одговори на
неговата жалба по суспензија од четири години изречена од УЕФА за позитивен
допинг тест.

Аријан Адеми пред
Судот за спортска арбитража достави докази кои покажуваат дека дозволениот лек
Мегамин кој го користел бил загаден со Станозолом на кој падна играчот.

Тоа значи дека тој
без да знае ја земал недозволената супстанца, и по таа логика би требало да
биде ослободен.

Содот за спортска
арбитража ја прифати неговата жалба, но наместо целосно ослободување, му ја
намали казната од четири на две години суспензија.

Во разговор со
медиумите од Хрватска, Аријан Адеми вели дека очекувал помала казна, но барем е
задоволен што пресудата покажува дека не е измамник.

„Се надевав дека
казната ќе биде помала, но она што е најважно, одлуката на ТАС, и тоа го пишува
и во образложението, покажува дека не сум измамник и дека намерно не сум земал
недозволени средства

вели фудбалерот на Динамо Загреб во разговор со Јутарњи.

„Од денес се
посветувам на подготовките за кам-бек, и сите кои ме познаваат, знаат дека ќе
се вратам посилен од било кога
.

„Бидете сигурни
дека одново ќе играм фудбал на високо ниво
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани