Македонија моќна против Лихтенштајн, победа која ветува (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Македонската репрезентација ја оправда фаворитската улога против Лихтенштајн, избраниците на Ангеловски одиграа моќен меч, доминираа во сите 90 минути, искористија три шанси и дојдоа до победата.

Лихтенштајн играше бункер, па на македонските фудбалери им беше тешко додека ја разбијат таквата одбрана. Големи шанси пропуштија Несторовски и Пандев, а обид од далечина имаше и Спировски.

Во 43. минута конечно беше затресена мрежата, по убава асистенција од Тричковски, Николов постигна убав гол со волеј за водство на Македонија од 1-0.

Со водството притисокот беше намален, па играта во второто полувреме течеше полесно.

Во 68. минута по убава асистенција од Горан Пандев, Несторовски реализира со глава за водство од 2-0. Напаѓачот на Палермо пет минути подоцна ги постави и конечните 3-0.

Македонија можеше да слави и поубедлива победа но во самиот финиш Несторовски промаши пенал за хет-трик.

Убава победа на македонската репрезентација иако противникот е значително послаб од нас. Триумф кој носи самодоверба и може позитивно да влијае во продолжението од квалификациите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани