Симовски: Среќен сум што ќе играм за земјата на мојата фамилија

by
1 минути читање

Фудбалерот роден во Шведска беше дел од селективните кампови организирани од селекторот Благоја Милевски, но тие натпревари немаа вистински натпреварувачки карактер. Па утрешниот дуел против Црна Гора ќе биде прв официјален меч за него.

„Јас сум многу среќен што ја претставувам родната земја на мојата фамилија, јас сум роден во Шведска, но тоа не ја намалува љубовта кон Македонија. Мојот дедо е роден во Македонија, потекнува од мавровскиот крај и навистина сум среќен што имам шанса да ја претставувам Македонија, вели Симовски.

„За мене ове е како дебитантски настап, иако бев дел од селективните кампови пред неколку месеци. Се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат. Работиме добро, знаеме што очекува селекторот од нас и доколку добијам шанса ќе дадам се од себе да ја искористам. Мораме да бидеме цврсти во дуелите, да делуваме компактно и во фаза на одбрана и кога напаѓаме. Ако не краси тимскиот дух, а верувам дека ќе биде така, тогаш можеме да се надеваме на позитивни работи“.

Натпреварот помеѓу младите селекциите на Македонија и Црна Гора се игра утре со почеток од 14 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани