Тричковски: Натпреварот против Лихтенштајн може да биде пресвртница за нас

by
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација иако имаше добри игри во изминатите квалификациски мечеви, особено на дуелот во Скопје против Италија, не освои ниту еден бод.

Шанса за тоа е гостувањето кај Лихтенштајн во петок. Желбата кај фудбалерите за победа е голема, а тоа треба да го покажат и на теренот.

„Желбата и мотивот не треба да ги нагласуваме. За нас приоритет е победа на натпреварот во петок. Одигравме одлично на претходните неколку натпревари, а сега се надевам дека тоа ќе го надградиме и со освојување на бодовите. Конечно ова е натпревар кој може да биде пресвртница за нас по сите негативности кои ни се случуваа во изминатиот период. Работи посветено, ја знаеме својата одговорност и зададените задачи од селекторот и одиме да успееме во намерата да победиме, вели Тричковски.

Утре наутро со чартер лет македонската експедиција ќе се упати кон Вадуц. Официјалниот тренинг на „Рајнпарк“ стадионот е закажан во 18:30 часот.

Натпреварот помеѓу Лихтенштајн и Македонија се игра во петок со почеток од 20:45.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани