Грнчаров: Го остварувам детскиот сон, ќе ја завршам кариерата во Вардар

by
2 минути читање

За официјалниот сајт на Вардар, Грнчаров изрази задоволство дека ќе ја заврши кариерата во македонскиот шампион, нешто за кое сонувал од дете.

„Презадоволен сум од потписот на новиот договор, на фактот што ќе останам во клубот до 2018 година. Веќе две и пол години сум дел од овој тим, и сега со овој договор уште година и пол или вкупно четири години. Во Вардар ќе ја завршам кариерата, и тоа ми беше сон уште како дете. Целта ми е со Вардар после двете титули, сезонава да освоиме и трета, како и Купот на Македонија. Се надевам дека и во следната ќе успееме да се закитиме со двојна круна и да направиме успех и на меѓународна сцена“, рече Грнчаров.

„Како оди ќе стигнам до 150 настапи во Вардар, а посакувам и 200, но за такво нешто ќе треба подолг период. За тоа ќе размислувам потоа, важно би сакал тука да ја завршам кариерата. Јас на секој натпревар давам се од себе за победа на мојот тим, за Вардар да има успеси како во првенството, во Купот на Македонија, така и во Европа“ – вели капитенот на Вардар кој досега има 111 официјални натпревари во „црвено-црниот“ дрес.

„Сезонава посакувам да ја задржиме предноста на табелата во Првата лига и најважно од сè, да го завршиме првенството како првопласирани. На добар пат сме, сега останува само така да продолжиме. Пред нас се тешки предизвици на кои ќе мораме да се фокусираме, да работиме напорно и да ја одбраниме титулата. Во Купот на Македонија ќе биде потешко, иако можам да кажам дека нема да се предадеме предвреме и ќе атакуваме на триумф потребен да обезбедиме пласман во финалето. Во секој случај посакувам само успешни настапи во дресот на Вардар во иднина и освојување на сите можни пехари и повеќе победи на маѓународна сцена каде што Вардар треба да го покаже својот квалитет“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани