Португалските медиуми пишуваат: Стефан Ристовски мета на Спортинг Лисабон!

by
1 минути читање

Според пишувањата
на весникот Рекорд, скаути на Спортинг Лисабон подолго време го следат Стефан Ристовски.

Десниот бек добил
позитивни оценки и му бил препорачан на тренерот Жорж Жесус како најдобра
опција од сите играчи кои биле следени.

25 годишниот
репрезентативец на „Црвено-жолтите“ игра во одлична форма во првенството на
Хрватска и со својот тим Ријека е во трката за титулата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани