Вардар пет пати ја тресеше мрежата на Македонија ЃП, Шкендија сигурна во Штип

by
1 минути читање

Вардар ја наполни мрежата на Македонија Ѓорче Петров, македонскиот шампион без проблеми прокнижи нови три бода на своето конто.

Серијата ја отвори Горан Попов уште во 16. минута од натпреварот, по еден гол постигнаа Хамбаџумјан, Берсегијан, Блажевски и Спировски.

Шкендија со 3-1 славеше на гостувањето кај Брегалница со што ги одржа шансите за шампионската титула.

Мрежите мируваа се до 58. минута кога Бесарт Ибраими погоди за 0-1, дваесет минути подоцна Абдурахими погоди за 0-2. Брегалница преку Здравков од пенал намали на 2-1, но во самиот финиш Алими ја запечати судбината на штипјани поставувајќи ги конечните 1-3.

Пелистер втор натпревар по ред е поразен, овој пат загуби на гостувањето кај Ренова со 2-1.

Гафури донесе водство за Ренова во 27. минута, Фереира Кардозо изедначи по десет минути игра во вториот дел. Пред самиот крај на мечот Велинов донесе победа за домашниот тим.

Поразот на Пелистер ги искористи Работнички кој со 2-0 го победи Силекс и се одлепи на третата позиција на табелата. Силјановски и Сахити беа стрелци на головите.

Победа и Шкупи ги поделија бодовите играјќи нерешено 1-1.

Шкупи поведе со гол на Лазаревски во 31. минута, Победа изедначи со автогол на Зендели во 63. минута.

Табела по 23. коло:

1. Вардар 53

2. Шкендија 47

3. Работнички 39

4. Пелистер 36

5. Ренова 31

6. Силекс 31

7. Шкупи 22

8. Победа 20

9. Македонија ЃП 16

10. Брегалница 12

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани