2,K
На 8. август Скопје ќе ги нагости двете најдобри фудбалски екипи во Европа, а големиот трофеј веќе пристигна во Македонија.
ФФМ планира да го изложи трофејот на повеќе места, граѓаните на Македонија да можат одблиску да ја видат неговата магија.
„Младите и возрасните граѓани на нашата држава ќе имаат можност да уживаат во уникатна авантура – „сите Македонци да бидат дел од срцето на настанот„ преку изложувањето на УЕФА СУПЕР КУП трофејот , вели Илчо Ѓорѓиоски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Премиерно трофејот ќе биде изложен на 18. март на платото пред „Куќата на фудбалот“ од 9 до 18 часот на специјално брендирана поставка.