Ангеловски: Не го потценуваме Лихтенштајн, Македонија се има „изгорено“ со вакви селекции

by
1 минути читање

Веќе нема многу селекции против кои Македонија е фаворит, а една од тие малку е репрезентацијата на Лихтенштајн кој е наш следен противник.

„Верувам во играчите, убеден сум дека ќе влеземе максимално подготвени и конечно после добрите игри, да освоиме и бодови во овие квалификации. Јас не сум тренер кој бара алиби, не бегаме од фаворитската улога, но нема ниту да ги потцениме, затоа што во минатото Македонија веќе се има „изгорено“ во дуелите со вакви репрезентации, истакна Ангеловски. 

„Жал ми е што од стандардните репрезентативци поради повреда отпаднаа Барди и Спировски, како и Алиоски, кој нема право за настап поради жолти картони. Продолжив да ги вклучувам младите фудбалери во А-селекцијата и се надевам дека ќе составиме квалитетен тим. На овој меч ќе играме поофанзивно, сигурно ќе ја менуваме досегашната 3-5-2 формација“.

Македонските фудбалери се собираат на 20. март кога е закажан и првиот тренинг.

Натпреварот помеѓу Лихтенштајн и Македонија се игра на 24. март во Вадуц со почеток од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани