Вардар се потеше против Брегалница но ги освои трите бода, Работнички подобар од Пелистер

by
1 минути читање

Брегалница беше на чекор до реми во Скопје против Вардар, но македонскиот шампион со два гола постигнати во самиот финиш дојде до победата.

На погодоците им претходеше црвен картон за Сашо Ѓорески од Брегалница во 81. минута, потоа Вардар брзо ја искористи предноста.

Во 88. минута Блажевски со глава постигна гол за водство од 1-0, а во 90. Петковски по асистенција на Хамбарџумјан ги постави конечните 2-0.

Директната битка за третото место помеѓу Пелистер и Работнички им припадна на романтичарите со 1-0.

Клучниот момент се случи во 60. минута кога Елмас со фантастичен волеј погоди за победа на Работнички од 1-0.

Шкендија со убедливи 4-0 ја совлада Победа. Меџедовиќ уште во третата минута го отвори резултатот, а во вториот дел погодија и Вујчиќ, Ибраими и Жуниор.

Силекс со 4-2 беше подобар од Македонија Ѓорче Петров, Шкупи со 3-2 ја совлада Ренова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани