Барселона го имаше најголемото враќање во историјата на Лигата на шампионите, направи нешто што изгледаше незамисливо досега. Се врати од 4-0 негатива по првиот меч, победи со 6-1, а за драмата да биде уште поголема, последните три гола ги постигна во самиот финиш од натпреварот.
„Ова беше неверојатна ноќ. Направивме нешто што сите мислеа дека е невозможно. Кога ПСЖ погоди за 3-1 изгледаше како да е крај, но финишот беше спектакуларен. Многу сум среќен“ – изјави Луис Енрике по мечот.
„Кога имате ваков тим, направен од шампиони кои ја освоиле секоја титула, се е возможно“.
Луис Енрике претходно најави дека заминува по крајот на сезоната и каков успех и да постигне, одлуката нема да биде променета.
„Ова да ме убеди да останам? Одлуката е донесена“.