102
Хари Кејн продолжува да ги тресе противничките мрежи, напаѓачот на Тотенхем е во фантастична форма, а тоа го почувствува и Евертон.
Резултатот беше отворен во 20. минута кога Хари Кејн по една соло акција шутираше од голема далечина и погоди за водство од 1-0.
По десет минути игра во второто полувреме, Тотенхем искористи една грешка на Евертон, Али додаде до Кејн кој зголеми на 2-0.
На десет минути пред крајот Лукаку погоди за 2-1 и го врати Евертон во игра, но во 93. минута Деле Али зголеми на 3-1.
Сепак тоа не беше конечниот резултат, Енер Валенсија пред самиот свиреж на судијата ги постави конечните 3-2.