Бразилецот во
јануари пристигна на Етихад Стадионот откако Манчестер Сити и Палмеирас уште
минатото лето го договорија трансферот.
Напаѓачот за
кратко време се адаптираше на тактиката на Пеп Гвардиола и со добрите игри
успеа да го истисне Кун Агуеро од првиот тим.
Но потоа
следуваше пех, Габриел Жесус на дуелот со Борнмут заработи фрактура на
стапалото и ќе треба да паузира помеѓу два и три месеци со што практично
сезоната е завршена.
Сепак, Бразилецот
се надева дека ќе се врати на терените побрзо од предвиденото, и користи
посебен третман за да успее во намерата.
Медиумите од „Островото“
го уловија играчот со ЕКСОГЕН ултрасоничен систем за заздравување на коски.
Системот емитира ултрасонични бранови за да го стимулира природниот процес на
опоравување на телото.
Производителот на
уредот вели дека клиничките испитувања покажале дека може и до 38% да го намали
времето потребно за опоравување на фрактура на коска.