989
Чилеанецот не е задоволен од прогресот на Арсенал, но и од новиот договор кој му го нудат, па голема е веројатноста да го напушти клубот во летниот преоден рок.
Последните шпекулации велат дека би можел да се врати во Шпанија, но не во Барселона или пак Реал Мадрид.
Се верува дека Севиља е во пол позиција за неговите услуги поради тренерот Жорге Сампаоли со кој соработуваше во националниот тим на Чиле.
Како втора опција се споменува Атлетико Мадрид.
Актуелниот договор на Санчез со Арсенал трае до јуни 2018 година, доколку клубот сака да заработи од неговото заминување ќе мора да го продаде во летниот преоден рок.