И Буфон се јави со реакција за отказот на Раниери

by
1 минути читање

И Џиџи Буфон го крена гласот против одлуката на раководството на Лестер да го отпушти тренерот кој им го донесе најголемиот успех во историјата.

„Тешко е да се разбере одлуката. Не сум сигурен дали може да ја разбере оваа одлука било кој кој што е во фудбалот“ – вели Буфон.

„Тоа што го постигна минатата сезона не беше само голема приказна за Премиерлигата, туку за целиот фудбал“.

„Има огромна почит за она што го направи со Лестер. Па сигурен сум дека ќе пристигнат многу понуди на негова адреса“.

„Во следните денови кога работите ќе се смират тој ќе одлучи што е најдобро за него и неговата фамилија“.

„Се разбира фудбалот е индустрија, но она што го постигна Клаудио минатата сезона е едно од најголемите достигнувања во историјата на оваа игра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани