Мурињо за новиот договор на Ибра: Ако треба фановите ќе кампуваат пред неговата врата

by
3 минути читање

Швеѓанецот вчера
уште еднаш демонстрираше колку е важен за „Црвените Ѓаволи“ оваа сезона, со два
погодока на Вембли, на Манчестер јунајтед му донесе победа против Саутемптон и
трофеј од Лига Купот.

Златан
Ибрахимовиќ има договор до крајот на сезоната но и опција истиот да биде
продолжен за уште една година.

Сепак, оваа
клаузула се уште не е активирана и тоа фрла мал сомнеж врз иднината на
голгетерот на Олд Трафорд.

„Никогаш не сум
молел играч да потпише нов договор
– вели Мурињо. „Никогаш не сум молел играч да игра за мене.

„Еден ден, Златан
одлучи да (замине од Интер) оди во Барселона. Бев тажен, но не сторив ништо
за да го сопрам. Не ги молам играчите
.

„Но доколку е
потребно, фановите на Манчестер јунајтед би можеле да кампуваат пред неговата
куќа и да останат таму цела вечер
.

„Тоа е опција.

„Сите сакаме, и
сите веруваме дка тој ќе остане уште една сезона
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани