„Кралевите“ вчера
издвојуваа голема победа на Ел Мадригал откако направија кам-бек по два гола негатива
за да слават со 2-3 и да се вратат на врвот на табелата.
Веројатно клучен
момент на средбата беше пеналот кој Хил Манзано го досуди при 2-1 откако Бруно
играше со рака во сопствениот шеснаесетник.
Топката одеше
надвор од шеснаесетникот и тоа откако еден играч на Виљареал ја изби, но
судијата мислеше дека има доволно елементи за пенал, па и покрај големите
протести од страна на домаќините, покажа на белата точка а Роналдо изедначи на
2-2.
Претседателот на
Виљареал, Фернандо Роиг е разочаран од начинот на кој се делеше правдата, и
фрла дополнителен сомнеж велејќи дека судиите го напуштиле стадионот со торби
од Реал Мадрид.
„Хил Манзано и
неговите асистенти го напуштија стадионот со торби од Реал Мадрид” – вели Роиг. „Според мене, тоа
не е добро”.
„Мислам дека по
пеналот, кој не требаше да се досуди, не можеме да збориме за голем
кам-бек на Реал Мадрид”.
„Сите зборуваат
дека се работи за избиена топка, и кога е избиена топка не се суди пенал. Бруно
немаше никаква намера”.