Раниери се врати во Лестер за да се поздрави со играчите и персоналот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Италијанецот во
четвртокот доби отказ откако пред девет месеци приреди сензација и го
предводеше Лестер до титула во Премиерлигата.

Утрово Клаудио
Раниери се врати во тренинг центарот на „Лисиците“ за да се поздрави со
играчите и персоналот.

На излегување од
комплексот, тој за Скај Спортс рече: „Се чуствувам добро, поради она што го
постигнавме со Лестер
.

„Се надевам дека
успехот ќе биде повторен, но тоа ќе биде многу тешко
.

Запрашан дали
збогувањето со неговите сега веќе поранешни играчи било емотивно, тој додаде: „Не,
беше прилично нормално
.

Скај Спортс вели
дека кратко по заминувањето на Клудио Раниери во тренинг центарот со хеликоптер
пристигнал и сопственикот на Лестер на нова средба со играчите.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани