„Би сакал Меси да беше Бразилец“

by
0 минути читање

Меси се уште нема освоено голем трофеј со аргентинската репрезентација, но има бројни клупски и индивидувални награди.

„Да, би сакал Меси да беше роден во Бразил“ – изјави селекторот Тите, за АС.

„Меси е неверојатен. Неговата креативност е исклучителна, надвор од нормалата. Тој може да види работи кои другите не можат“.

Тите направи и споредба помеѓу Роналдо и Меси.

„Тие се различни, едниот е класичен финишер, напаѓач. Другиот е креативен и магичен. Ако двајцата би биле во ист тим би ги уништиле ривалите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани