Минатата година се караа, сега не можат еден без друг, ако си оди Тоти, заминува и Спалети

by
1 минути читање

Тренерот на Рома, Лучано Спалети изјави дека неговата иднина во клубот зависи од тоа што ќе се случи со Франческо Тоти.

Минатиот јуни, Тоти потпиша едногодишен договор со Рома, Спалети вели дека ќе замине доколку клубот не му понуди нов договор на капитенот.

„Не ме прашувајте за тоа колку добро игра мојот тим, прашајте ме за Тоти“ – вели Спалети по вчерашниот меч против Торино кој Рома го доби со 4-1.

„Исправно ќе биде да добие нов договор. Тоти нема договор со клубот, тој има пакт на љубов со овој град и тоа е нешто што треба да продолжи“.

„Ќе отидам и чекор подалеку, доколку не добие нов договор по крајот на сезоната, тогаш ќе заминам и јас, па дури и да ја освојам тројната круна“.

„Не сакам тој да се пензионира додека јас сум тренер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани