Деновите на Вејн Руни во Манчестер јунајтед се избројани, 31-годишниот напаѓач е далеку од најдобрата форма и не бил стартер на натпревар уште од средината на декември.
Во текот на зимскиот преоден рок остана во клубот, но кога се чинеше дека тој ќе биде во Јунајтед најмалку до крајот на оваа сезона, доаѓаат најави за негово заминување во Кина.
Според „Телеграф“, кинески клубови се во преговори со Манчестер јунајтед за ангажман на Вејн Руни. Преодниот рок во Кина трае до крајот на февруари, па има уште десетина дена за да се договори трансфер на далечниот исток.
Јунајтед има корист да го продаде Руни како би се ослободил од неговата висока плата, плус ќе заработи големо обештетување. Напаѓачот ќе биде една од главните ѕвезди во Кина но и ќе заработи огромни пари, можеби и 32 милиони годишно.
Вејн Руни минатиот месец стана најдобар стрелец во историјата на Манчестер јунајтед поминувајќи го Сер Боби Чарлтон на вечната листа на стрелци на клубот.