Левиот бек падна
во немилост кај „Специјалниот“ откако во ноември одби да стисне заби и со
повреда да игра против Свонси.
Од тогаш па
наваму, Лук Шо нема ниту еден настап во Премиерлигата, а на последните три
средби не се наоѓа ниту на клупата за резерви.
„Против Ватфорд
ми беше потребен еден дефанзивец на клупата и тоа дефанзивец кој може да одигра
на неколку позиции” –
објаснува Жозе Мурињо.
„Матео Дармијан
може да игра како лев бек, како десен бек, а по потреба и како централен
дефанзивец, па затоа тој беше на клупата”.
„Специјалниот“
потоа упати порака до 21 годишниот Англичанец, за кого „Црвените Ѓаволи“ во
2014 платија 30 милиони фунти.
„Шо треба да
работи напорно и да чека. Нема никаков проблем, треба да продолжи да се бори за
место во тимот”.