Венгер во свој стил го прокоментира голот со рака на Алексис Санчез

by
1 минути читање

Голот со рака на
Алексис Санчез е моментот за кој сите зборуваат по победата на Арсенал од 2-0
над Хал Сити.

Нормално, тоа
беше прво прашања кое новинарите му го поставија на Арсен Венгер, а
менаџерот на Арсенал одговори во свој стил, исто како и за многу други спорни
моменти во минатото.

„Не го видов“
рече Французинот. „Од трибината на која седев не видов што точно се случи“.

„Жал ми е за Хал,
но не можам да влијаам на тоа“.

Од таборот на
„Тигрите“ изјавија дека Марк Клатенбург веднаш им се извинил и признал дека
погрешил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани