Сопственикот на Палермо: Несторовски сега вреди 20 милиони евра

by
1 минути читање

Македонецот се
почесто е во центарот на вниманието по одличната деби сезона во Серија А, во
која до овој момент постигна 9 погодоци.

Голем број на
клубови го следат Илија Несторовски, се говори дека Севиља и Атлетико Мадрид се
последни кои пројавиле интерес, а тоа само му оди во полза на сопственикот на
Палермо.

Маурицио
Ѕампарини го донесе напаѓачот за само 500.000 евра, а сега гордо вели дека
„Нестогол“ вреди 20 милиони евра.

„Несторовски го
плативме 500.000 евра а сега вреди помеѓу 15 и 20 милиони евра
– вели сопственикот на Палермо.

„Ми го препорача
пријател од Хрватска, кој претходно не советуваше да ги купиме Јосип Посавец и
Александар Трајковски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани