Џибрил Сисе дефинитивно стави крај на кариерата за да стане Ди Џеј

by
1 минути читање

Ексцентриочниот
Французин во октомври 2015 соопшти дека се повлекува од фудбалот поради повреда
на колкот, но минатата година направи операција и изрази надеж дека одново ќе
облече копачки.

Џибрил Сисе
напорно работеше на својот фитнес со неговиот прв клуб Оксер во обид да
пронајде ангажман, но откако не доби ниту една понуда, реши дефинитивно да
стави крај на кариерата.

„Уживав во
играњето фудбал
– вели
Сисе. „До овој момент, топката беше целиот мој живот
.

„Би сакал и
понатаму да играм но денеска морам да признам дека фудбалот е завршен
.

„Во иднина
максимално ќе се посветам на новата кариера како Ди Џеј, продуцент и стручен
коментатор. Исто така ќе дизајнирам и моја колекција на облека
.

Во својата
кариера, Џибрил Сисе настапуваше во 12 клубови а најголемиот успех го достигна
во дресот на Ливерпул кога триумфираше во Лигата на Шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани