Медиумите од
Италија оваа недела пренесоа дека капитенот на Македонија, Горан Пандев
постигнал согласност со Сиднеј Вондерерс за две годишен договор и во последниот ден од зимскиот преоден рок бил на добар пат да
ја продолжи кариерата во Австралија.
Сепак, зделката не
се реализирала откако Фудбалската федерација на Австралија го блокирала
трансферот поради проблем со „селари-кап“.
ФФА признава дека
Сиднеј Вондерерс се обидел да го ангажира репрезентативецот на „Црвено-жолтите,“
но негира дека тие се причината поради која пропаднала зделката.
„Имаше неформален
разговор помеѓу ФФА и Сиднеј Вондерерс околу тоа дали играчот ќе ги исполни
критериумите за странец” – велат од Фудбалската федерација на Австралија.
„Но никогаш не
дискутиравме за тоа дека проблем е „селари-кап“”
„На крајот,
Сиднеј Вондерерс не достави формално барање”.