Ново признание: Ива Пројковска ќе дели правда на дербито Реал Мадрид – ПСЖ во ЛШ!

by riste
1 минути читање

Најдобрата македонска фудбалска судијка, Ива Пројковска, доби нова голема доверба од УЕФА и ќе биде главен арбитар на дерби-пресметката од женската Лига на шампиони меѓу Реал Мадрид и ПСЖ.

Дуелот се игра вечерва со почеток од 21:00 часот на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид, каде „кралевите“ го пречекуваат францускиот гигант.

Делегирањето на Пројковска за овој спектакл е уште еден јасен доказ за нејзиниот висок рејтинг и потврда дека со право се вбројува меѓу елитните европски судијки.

Македонија ќе има двојно претставување на овој натпревар, бидејќи дел од судискиот тим ќе биде и Елена Соколевска-Илиевска, во улога на помошен судија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×