17-годишниот голман има договор со Милан до летото 2018 година и се уште не потпишал нов иако веќе неколку пати се шпекулираше дека тоа ќе се случи.
Се верува дека Донарума одложува со потписот бидејќи сака да види во кој правец ќе се движи Милан откако конечно ќе биде преземен од кинескиот конзорциум.
По поразот од Удинезе, стигнаа и првите критики на адреса на Донарума, па неговиот агент застана во одбрана на младиог голман.
„Критиките кон Донарума? Неверојатно. Тој брани одлично и вреди исто како Модиљани кој е еден од најголемите уметници на Италија“ – вели Раиола за „Премиум Спорт“.
„Тој треба да види во која насока ќе се движи Милан. Доколку е неопходно Милан ќе одреди цена за него. Тој се уште има договор со клубот и непотребно се прави драма која не постои“.
„Најсмирен од сите е играчот. Ќе повторам: Не ги разбирам критиките кон Донарума“.
„Милан е голем клуб и тие знаат да менаџираат ситуации како оваа“.
„Дали Јувентус е заинтересиран за него? Прашајте ги Марота, Паратичи и Недвед“.