Несторовски: Мило ми е за голот, но бодот е поважен

by
2 минути читање

Клубот од
Сицилија вчера приреди големо изненадување откако одигра 1-1 на гостувањето кај
Наполи.

Сите очекуваа
„Наполитанците“ лесно да забележат победа, но Илија Несторовски во 6. минута го
матираше Пепе Рејна и го замолкна Сан Паоло.

Наполи успеа да
изедначи на 1-1 и тоа благодарејќи на големата грешка на голманот Посавец.

„Среќен сум со
освоениот бод против силен противник како Наполи
– вели Илија Несторовски.

„Одигравме
храбро, не му оставивме простор на противникот. Се жртвувавме и освоивме бод
.

„Мило ми е за голот, но поважен е
бодот. Треба да продолжиме во ист стил, ова е правиот пат
.

„Сите веруваме во
опстанок, до крајот има уште многу натпревари, и нема да се откажеме
.

„Ако го победиме
Кротоне ќе направиме голем чекор напред. Оваа недела добро ќе се подготвиме за
натпреварот и ќе го дадеме максимумот
.

„Сакаме Ренцо
Барбера да биде полн, фановите можат да ни помогнат да стигнеме до победа.
Форца Палермо
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани