Со голот на Лонг во завршницата, Саутемптон го замолкна Енфилд и се пласираше во финале од Лига Купот и ја продолжи резултатската криза во која влезе Ливерпул овој месец.
По крајот на натпреварот, Јирген Клоп се пожали дека не им бил досуден чист пенал, и обвини дека ова не е прв пат судиите да донесат лоши одлуки на нивна сметка.
„Играњето на Лонг со рака беше чисто” – вели Германецот.
„Не сакам да барам изговори, но навистина е тешко да ги прафатите овие работи со оглед на тоа дека се повторуваат секоја недела”.
„Голем натпревар против Манчестер јунајтед и има два метри офсајд (при голот на Златан Ибрахимовиќ за 1-1) и никој не зборува за ова”.
„Дали моја работа е да добијам казна зборувајќи за овие работи? Играњето со рака е очигледно”.