Вардар утре игра против Стеауа

by
1 минути читање

Вардар е во полн погон во Анталија, подготовките течат на највисоко ниво, а од утре почнуваат и пријателските натпревари.

Прв противник е Стеауа Букурешт, мечот се игра утре (вторник) со почеток од 15 часот.

„Добро ја познавам екипата на Стеауа, тие се најпознатиот тим од Романија и екипа која што има многу навивачи во таа земја. Тоа ќе биде еден пријателски натпревар за да видиме до каде сме, и ќе ни послужи да ја градиме нашата игра, како овој, така и останатите пријателски натпревари кои ќе треба да играме во Анталија. Сепак, иако е пријателски меч сакаме да победиме, а најважно од се е да бидеме сите здрави и подготвени за пролетниот дел. Имам многу пријатели во Стеауа, најдобар ми е Флорин Танасе со кого што и натаму се дружиме и се гледаме после секоја пауза во првенството. Пријателството датира од нашите заеднички настапи во Виторул, но и покрај сѐ, утре сакам да го победам“, изјави Бобан Николов за официјалниот сајт на Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани