360
Според методот „шутеви
во рамки на гол / минус примени голови“, македонскиот репрезентативен голман,
како и член на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски е четврти најдобар голман во
Европа.
Барселона се обидува да го купи Столе Димитриевски! (ФОТО)
Димитриевски, кој
се поврзува со можен трансфер во Барселона, има 5,9 спасени гола, а за
одбележување е фактот што на 18 меча во Примера сезонава, на шест меча ја
сочува својата мрежа, а прими 18 гола.
На првото место
според оваа статистика која ја објави „Сан“, се најде голманот на Манчестер
јунајтед, Давид де Хеа, а по него Жозе Са од Вулверхемптон, пред Димитриевски е
воедно и голманот на Бохум, Мануел Рајман.
