24фудбал

Барселона се обидува да го купи Столе Димитриевски! (ФОТО)

Тер Штеген оваа сезона брани во лоша форма, па Барселона сака да купи нов голман, шпанските медиуми тврдат дека тие се интересираат за нашиот Столе Димитриевски.

Македонија

„Барселона сака да потпише со Столе Димитриевски од Рајо Ваљекано. Тој во моментов е во Барселона“, тврди новинарот Хозе Алварез.

Столе Димитриевски оваа сезона во Ла Лига е голман со највисок процент на одбранети удари, има дури 80,6 проценти, неговата форма очигледно го привлече вниманието на гигантите.

Од друга страна пак Тер Штеген е втор од позади со само 56,8 проценти.