„Слушнав дека Ливерпул е сериозно заинтересиран“ – „црвените“ ќе водат битка со Манчестер јунајтед за Џејдон Санчо

by
1 минути читање

19 годишниот
Џејдон Санчо со одличните партии во дресот на Борусија Дортмунд се промовираше
во идна голема ѕвезда и го привлече вниманието на гигантите шриум
Европа.

Манчестер
јунајтед се посочува како клубот кој пројавува најконректен интерес за
поранешниот младинец на Манчестер Сити, и неодамна првите луѓе на Дортмунд
потврдија дека „ѓаволите“ се распрашувале за офанзивниот фудбалер.

Но клубот од Олд Трафорд ќе има силна конкуренција, поранешниот играч на
Ливерпул, Дитмар Хаман открива дека и клубот од Енфилд е сериозно
заинтересиран.

„Слушнав дека Ливерпул е сериозно заинтересиран. Можам да замислам дека
следното лето ќе бидат еден од клубовите кои ќе пројави најголем интерес“

  вели Хаман за Скај Германија.

Тој сепак додава дека Ливерпул може да се откаже доколку Дортмунд постави
висока цена, и веројатно Англичанецот ќе биде цел само доколку некој од
сегашното офанзивно трио замине.

„Санчо нема откупна клаузула, па
доколку Дортмунд побара астрономска бројка, зделката нема да се случи. Исто така,
нема многу играчи кои можат да ја подобрат офанзивата на Ливерпул во овој
момент, и не сум сигурен дека Санчо е токму таков калибар. Но можеби еден од
сегашното трио ќе замине по крајот на сезоната, па тогаш Санчо ќе биде идеално
засилување“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×