Конечно еден фудбалер на Реал Мадрид на списокот на Шпанија, испаднаа четворица „златни“

by bojan
1 минути читање
Родри ја предводеше Шпанија до трофејот на Светското првенство

Селекторот на „црвената фурија“, Луис де ла Фуенте со проверени сили ќе тргне во Лигата на нации, нема само четворица од фудбалерите кои летово станаа светски шампиони.

Два месеци по триумфот на мундијалот во САД, Де ла Фуенте го објави првиот список на Шпанија, селекторот направи неколку промени, но пред се поради повреди.

Проблемот со коленото на Жоан Гарсија отвори простор за ново име меѓу голманите, шанса доби Жозеп Мартинез од Интер.

Маркос Љоренте најави повлекување, неговото место го доби Дин Хујсен, па по подолго време во репрезентацијата ќе има фудбалер на Реал Мадрид.

Гави исто така се мачи со ситна повреда и лоша форма, па тој е изоставен, а во тимот се враќа Фермин Лопез, кој пред повредата беше стандарден, а со одличниот старт на сезоната, повторно си го заслужи местото.

Борха Иглесијас исто така лекува повреда, па и тој е надвор од комбинација, а местото во нападот го доби Роберто Фернандез од Еспањол, кој има шест гола на шест натпревари.

Првиот натпревар Шпанија го игра на 26. септември против Англија во Лондон. Следува дуелот со Хрватска на 29. септември во Севиља, потоа пресметка со Чешка на 3. октомври во Овиедо, а циклусот завршува со уште еден меч против Хрватска, на 6. октомври во Сплит.

Составот на Шпанија:

Голмани: Унаи Симон, Давид Раја, Жозеп Мартинез.

Одбрана: Педро Поро, Пубил, Лапорт, Кубарси, Ерик Гарсија, Хујсен, Кукуреља, Грималдо.

Среден ред: Родри, Зубименди, Фабијан, Педри, Мерино, Фермин, Олмо.

Напад: Ламине Јамал, Виктор Муњоз, Нико Вилијамс, Баена, Јереми Пино, Ојарсабал, Феран и Роберто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×