Напаѓачот на Монако, Парис Брунер, нема да биде суспендиран пред претстојниот натпревар против Ленс, иако против него е покрената дисциплинска постапка поради прославата на голот на дуелот со Стразбур.
20-годишниот Германец моментално избегна казна бидејќи Дисциплинската комисија на Француската професионална фудбалска лига за неговиот случај ќе расправа дури во среда. Поради тоа, евентуалната суспензија би стапила на сила по репрезентативната пауза, што значи дека Брунер ќе биде во конкуренција за настап против Ленс.
Брунер се најде во центарот на вниманието по натпреварот во Стразбур. Откако го постигна голот за израмнување, тој кон домашните навивачи направи гестикулација на сечење на глава, по што следуваа остри реакции.
Напаѓачот потоа се извини за својот потег и објасни дека реагирал под силни емоции, бидејќи од трибините биле упатувани навреди кон неговото семејство.
„Немав намера да покажам непочитување“, порача Брунер.
Сепак, неговото објаснување не беше доволно случајот да биде затворен. Националниот етички совет го проследи до Дисциплинската комисија, која допрва треба да донесе конечна одлука.
🇫🇷⚽️ Qui a vu ce coup de canon de Paris Brunner ? Quel but marqué par ce garçon ce soir face à Strasbourg ! 😍👌 https://t.co/D1OoeoOfy2
— Jenovic Mbowa (@jenovicmbowa1) September 12, 2026